Јужнокорејскиот производител Самсунг планира на пазарот да претстави ограничена серија на Галакси Ноут 3 со флексибилен екран.
Весникот „Asian Daily“ објави дека во официјални разговори со претставник на Самсунг добил потврда дека Ноут 3 со флексибилен екран ќе се појави кон крајот на месецот.
Ноут 3 официјално беше претставен на 5 септмеври во Берлин и поседува Амолед 5,7 инчен екран, 2,3 Гигахерци квад кор процесор, 13 мегапиксели камера и Андроид 4.3 оперативен систем.