Грузија освои историски бод на европските првенства, благодарение на извонредната игра на голманот Ѓорѓи Мамардашвили против Чешка. Голманот на Грузија капитулираше само еднаш, во 59. минута, кога Патрик Шик успеа да ја испрати топката во неговата мрежа за конечен резултат 1-1.
Чешка имаше единаесет директни удари кон голот на Грузија, но Мамардашвили бранеше фантастично.
Грузија поведе на крајот од првото полувреме, кога по интервенција од ВАР собата беше досуден пенал поради игра со рака на Хранач. Георге Микаутадзе беше прецизен од белата точка за Грузијците.
Во 95. минута, Лобжанидзе имаше одлична можност да донесе победа за својот тим, но не успеа да биде прецизен.
Во третото коло, Чешка ќе игра против Турција, додека Грузија ќе се сретне со Португалија.