Анкара најави продолжување на демократските реформи, дури и ако ПКК ја обнови вооружена борба

Од:

Напорите на Владата на Турција за демократизација на земјата ќе продолжат независно од тоа што ќе се случи, па дури и ако илегалната Курдска работничка партија (ПКК) ја обнови вооружената борба, изјави портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Хусеин Челик.

Како што јави весникот „Хуриет дејли њуз“, Челик нагласи дека пакетот демократски реформи, што на 30 септември ќе ги објави турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, не се резултат на преговорите со ПКК, туку на „неопходноста од културни права за граѓаните“.

Челик упати посебна критика на сметака на лидерот на Партијата на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели, кој постојано ја обвинува Владата дека реформите ги подготвува во тесна соработка со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој издржува казна доживотен затвор на островот Имрали, како и со военото раководство на ПКК.

Портпаролот на АКП потенцира дека пакетот демократски реформи ќе помогне во „давањето нов импулс на процесот за мирно решавање на курдскиот проблем“. Тој истакна дека пакетот ќе го соддржи тоа што неговата партија им го ветила на избирачите пред изборите.

Челик, исто така, соопшти дека според резултатите од последната анкета спроведена по нарачка на АКП, владејачката партија има поддршка од 50,6 проценти од гласачите, за Републиканската народна партија (ЦХП) се изјасниле 24,1 отсто од анкетираниет, а МХП 14,3 проценти.

Осврнуваќи се на оценките дека опозицијата во последно време забележала зголемување на рејтингот во однос на АКП, особено по протестите за паркот Гези, Челик посочи дека анкетите покажуваат оти нема зголемување на поддршката на ЦХП.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ