Едно лице е полесно повредено денеска при експлозија во селото Горњи Сјеничак, во близина на хрватскиот град Карловац.
Како што јави ХИНА, засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Хрватската полиција соопшти дека утрово околу седум часот 33-годишен маж е ранет на „засега неутврден начин“. Истрагата за случајот е во тек.
Жупанискиот јавен обвинител на Карловац, Гордана Крижаниќ во изјава ХИНА дека лицето е повредено при експлозија, но дека се уште не е уврдено за каква експлозивна направа станува збор, како ни околности на целиот инцидент.