Најмалку 50 луѓе загинаа во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Нусејрат и други места во центарот на Газа, потврдија денеска за Ројтерс палестинските власти во Газа.
Палестинската агенција Вафа наведува дека жртвите се претежно жени и деца, а освен Нусејрат биле нападнати и камповите Ал Магази, Ал Заваџда и Ал Бураџ, како и околината на болницата Ал Акса.
Според извештајот на Вафа, израелските сили, исто така, се обиделе да спречат помошта да стигне до повредените, таргетирајќи 130 амбулантни возила, принудувајќи повеќе од десетина да ги прекинат спасувачките операции.