Најмалку 14 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во новите израелски напади врз кампот Буреиј во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолија.
Агенцијата наведува дека израелски воени авиони бомбардирале куќа и две места каде што биле собрани цивили во Рафах, на југот од Појасот Газа.
Очевидци потврдија за турската агенција дека во израелските воздушни напади врз насобраните цивили во источниот дел на градот Рафах загинале четворица членови на едно семејство, а телата на 10 од загинатите биле донесени во болницата Ал Кувајт.
Според евиденцијата на палестинските здравствени власти во Газа, од почетокот на конфликтот во Појасот Газа во октомври минатата година, загинале речиси 34.950 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 78.600 биле ранети.