Државниот долг на Хрватска до крајот на годината ќе достигне 25 милијарди евра

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска во Парламентот изјави дека до крајот на годината државниот долг на земјата ќе достигне 190 милијарди хрватски куни или 25 милијарди евра.

– Зголемувањето на државниот долг до 190 милијарди куни предизвикува загриженост, но тоа е неопходна мерка. Ние сме принудени да земеме дополнителни заеми за сервисирање на надворешниот долг на републиката, изјави Милановиќ.

Премиерот Милановиќ нагласи дека минатата година државниот долг на Хрватска се зголемил за 2,9 милијарди евра, а половина од овие средства се нови кредити за бродоградителските претпријатија.

Економијата на Хрватска и по пристапувањето на Европската унија на 1 јули годинава се наоѓа во тешка состојба. Во земјата има 313 илјади невработени, што претставува 18 отсто од работоспособното население. Бруто домашниот производ во првата половина од годината е намален за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Обемот на индустриското производство во јули е намален за 4,1 отсто во споредба со јули 2012 година.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег