Ѓул на почеток бил горд на протестите против уништувањето на паркот Гези

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска изјави дека бил горд на почеток на протестите против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, објави турскиот весник „Хуриет“.

– Првичните демонстрации беа еколошки протести. Проблемите поврзани со животната средина се главни проблеми на демократските и развиени земји, изјави Ѓул на средба во Њујорк.

Протестите против уривањето на паркот Гези во Истанбул почнаа во мај. Протетсите полека прераснаа во антивладини демонстрации низ цела Турција.

Турскиот претседател Абдула Ѓул истакна дека радикални групи, што воделе илегални акции во земјата, имале корист од протестите, против уништувањето на паркот Гези.

Во однос на критиките за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на расчистување на протестите, Ѓул изјави дека остро критикуваната интервенција на полицијата била неопходна.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ