Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти негираше дека се обидувал да го прикрие сексуалното злоставување деца што го извршиле римокатолички свештеници.
Ова е негов прв директен објавен коментар за тоа прашање откако се повлече од должноста.
Бенедикт тој коментар го објави во писмо од 11 страници упатено до италијанскиот писател и математичар Пјерџорџо Одифреди, кој напиша книга за проблемите со кои е соочена Римокатоличката црква.
Извадоци од писмото на поранешниот папа објавени се во римскиот весник „Ла Република“ со дозвола на Бенедикт.
Група жртви на злоставувањето го обвинија Бенедикт дека не сторил доволно да ја запре појавата додека бил папа.