Турција: Запленети четири тони хашиш во акција против шверц на наркотици за терористички цели

Од:

Полицијата во Дијарбекир, во Југоисточна Турција, денеска спроведе голема операција против лица, осомничени за производство и трговија со наркотици со цел за финансирање на терористички активности, објави весникот „Сабах“.

Операцијата во која учествувале командоси, поддржани од воени хеликоптери, беспилотни летала и оклопни возила, е спроведена во шумскиот регион околу селата Ортач и Алаза, во близина на градот Лиџе.

Досега во операцијата се запленети околу четири тони хашиш. Акцијата е спроведена во рамките на истрага на обвинителството во Дијарбекир за шверц на наркотици за терористички цели.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ