Американскиот огранок на групата за човекови права Амнести интернешнал предупреди денеска дека израелската копнена офанзива врз градот Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, ќе доведе до смрт на голем број цивили на кои ќе им биде одбиена помош.
„Никому во Газа не може да му се обезбеди количината на помош што е потребна во моментов. Ако не се прекине планираната копнена операција, ќе бидат убиени уште илјадници цивили“, велат од групата на платформата X.
Амнести ја нагласи потребата владите ширум светот да вршат притисок за воспоставување траен прекин на огнот во палестинската енклава.