Најмалку 109 Палестинци беа убиени, а 296 ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до средата попладне, вклучително и жени и деца кои беа убиени во нападите на станбени куќи во Рафах, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA), врз основа на податоците добиени од Министерството за здравство во Газа контролирано од Хамас.
УНОЧА соопшти дека 32 лица биле убиени во шест израелски напади врз Рафах, меѓу кои 11 деца и осум жени.
Девет лица, меѓу кои четири деца и две жени, загинаа во израелски напад врз бегалски камп југоисточно од Рафах.