Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека целосната израелска офанзива врз Рафах ќе предизвика „хуманитарна катастрофа“.
– Целосна офанзива на Рафах би значела хуманитарна катастрофа. Безброј цивилни жртви. Безброј семејства би биле принудени да побегнат, а нема безбедно место, рече Гутереш во изјавата на платформата „Х“.
Според него, последиците од тој потег ќе се почувствуваат многу подалеку од таа област, на окупираниот Западен Брег, како и во целиот регион.
Израелските сили презедоа целосна контрола врз палестинската страна на преминот Рафах со Египет.