Месиќ: Србија е мала земја на Балканот

Од:

За време на престојот во Приштина, на Пан-албанско-меѓубалканско-евроатлантската средба, Стјепан Месиќ изјави дека Голема Србија не може да се создаде и дека сè уште има луѓе, како Слободан Милошевиќ, кои цели кон српска експанзија. Собирот се одржа во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од војната за независност на Косово.

Со оваа изјава поранешниот хрватски претседател алудираше на српскиот претседател Александар Вучиќ. Месиќ изјави дека Милошевиќ е одговорен за жртвите во Хрватска, БиХ и Косово, пренесува косовскиот портал Коха Диторе.

„Многу ви благодарам што бевте овде на 25-годишнината од независноста на Косово. Кога тогаш отидов во Белград, бев претседател на Претседателството на Југославија. Се осмелувам да кажам дека бев последниот претседател на Југославија. Милошевиќ не можеше се согласуваме со она што го предложивме – да се направи конфедерација. Тој не го прифати нашиот совет и отиде во друга насока. Мојата иницијатива беше секоја земја да тргне по својот пат. Милошевиќ и неговите луѓе не можеа да го прифатат овој модел, кој би бил без војна, без жртви и би бил во интерес на целата нација. Сите видовме како заврши и со колку жртви. За жал, сè уште има такви, како Милошевиќ, кои имаат за цел да ја направат Србија голема, но јас ви велам дека тоа не може да се направи. За сите оние кои мислат дека Србија може да стане голема земја, велам дека Србија е мала земја на Балканот“, рече Месиќ, пишува Коха Диторе.

Би можело да ве интересира

Месиќ прогласен за почесен граѓанин на Призрен

Месиќ: Заслуживте што поскорo интеграции во НАТО и ЕУ

Џафери оствари средба со поранешниот хрватски претседател Месиќ