Иранскиот претседател Ебрахим Раиси ги пофали дипломатските и воените сектори на земјата за нивната интеракција и координација во спроведувањето на неодамнешната одмаздничка операција против, како што рече, „воените цели на израелскиот режим на окупираните територии“.
„Моќната, историска и победничка операција на иранските вооружени сили е одговор на агресивните акции на ционистичкиот режим против конзуларното одделение на иранската амбасада во Сирија. Исламската Република Иран е на врвот на својата моќ и големина и со овој горд чин, покрај исполнувањето на ветувањето за казнување на непријателите и агресорите, срцата на луѓето во светот, исламскиот народ и угнетениот народ на Палестина беше допрена“, рече Раиси на владиниот состанок.
Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран лансираше стотици проектили и беспилотни летала кон Израел, како одмазда за воздушниот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, во кој загинаа седум ирански воени команданти во Сирија.