Иран: Операцијата „Искрено ветување“ заврши, ги исполни сите цели

Од:

Командант на ​​иранските вооружени сили рече дека нападот врз Израел во текот на ноќта ги „постигнал сите негови цели“. „Операцијата „Искрено ветување“ беше успешно спроведена од вчера вечерта до утринава и ги постигна сите нејзини цели“, рече генералот Мохамад Багери на телевизија, прецизирајќи дека ниту еден градски или економски центар не бил цел на ирански беспилотни летала и проектили.

Иран го предупреди Израел за голем напад на негова територија доколку возврати на нападот на Техеран, додавајќи дека Вашингтон е предупреден да не ја поддржува израелската воена акција.

„Ако Израел возврати на Иран, нашиот одговор ќе биде многу поголем од вечерашната воена акција“, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили генерал-мајор Багери за државната телевизија, додавајќи дека Техеран го предупредил Вашингтон преку Швајцарија дека каква било поддршка за израелската одмазда ќе резултира со напад на американските бази во регионот.

САД имаат неколку воени бази во регионот. „Нашите операции се завршени и немаме намера да ги продолжиме“, рече Багери.

Тој рече дека мета биле две локации – „разузнавачкиот центар што им ги дал на ционистите потребните информации“ за нападот што го уништи иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, како и „воздухопловната база Новатим, од каде што полетаа авионите Ф-35 полета“ кои бомбардираа. „Тие два центри беа значително оштетени и ставени надвор од употреба“, тврди тој.

„Немаме намера да ја продолжиме оваа операција, но ако ционистичкиот режим преземе акција против Исламската Република Иран, било на наша територија или во нашите центри во Сирија или на друго место, нашата следна операција ќе биде многу поголема од оваа“, предупреди иранскиот командант.

Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Хосеин Салами, исто така, предупреди дека Техеран ќе возврати на секој израелски напад врз неговите интереси, официјални лица или граѓани. Салами рече дека операцијата спроведена во текот на ноќта „можеше да биде поголема“. „Ја ограничивме оваа операција на она што ционистичкиот режим го искористи за да го нападне нашиот конзулат“ во Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан