Спасено избоденото бебе во Сиднеј, познати повеќе детали за нападот

Од:

Една добра вест е дека прободеното бебе во трговскиот центар во Сиднеј е спасено – двајца мажи му помогнале со облека од продавниците и го запреле крварењето.

Напаѓачот почнал да напаѓа минувачи по случаен избор. Повредено е и бебето, но и неговата мајка. Таа успеала само да побара помош од хероите кои го запреле крварењето и повикале брза помош.

Сведоците велат дека напаѓачот носел големо сечило. Според информациите, полицијата го совладала и застрелала напаѓачот.