Продолжува крвавата драма во Најроби

Од:

Исламските екстермисти се уште држат непознат број киднапирани во трговскиот центар во Најроби, од каде што утрово се слушаат пукотници и детонации, пренесе „Франс прес“.

Сомалиската терористичка организација Ел Шабаб, која што ја презеде одговорноста за нападот во трговскиот центар „Вестгејт“, во кој загинаа 68 лица и околу 200 се повредени, се закани дека денес ќе убие голем број заложници.

За тоа како што се наведува во соопштението на портпаролот на Ел Шабаб, објавено на еден исламистички сајт, припадник на радикалната група која што се наоѓа во трговскиот центар добил одобрување.

-Ќе им дадеме овластување на муџахедините кои се во зградата да преземат акција против заложниците, онолку колку што ќе бидат притиснати од силата на кениската војска. Им порачуваме на христијаните кои ги напаѓаат муџахедините да имаат милост за своите заложници, кои ќе го носат товарот на силата употребена против муџахедините -предупреди Али Мохамед Раџе во соопштението објавено на исламски сајт, пренесе „Франс прес“.

najrobi-vojska

Припадници на сомалиската екстремистичка група поврзани со терористичката организација Ал Каеда тврдат дека се во контакт со своите борци кои се наоѓаат во трговскиот центар и велат дека нивните луѓе се борат со кениските и израелски специјални сили.

Кениската армија синоќа соопшти дека поголем број од кирапираните се ослободени и дека силите за безбедност презеле контрола над поголемиот дел од зградата, меѓутоа утрово од зградата се слушнала жестока петнаесет минутна пукотница, по што одекнале силни детонации, наведе „Франс прес“.

Според информациите на „Б92“, се проценува дека исламските екстремисти во зградата држат уште десетина заложници.

-Поголемиот дел од трговскиот центар е под контрола и во текот на ноќта еден дел од луѓето успеа да го напушти центарот, но се уште не се ослободени сите заложници, пренсува Иван Маровиќ, за „Б92“.

Нападот започна вчера, кога вооружени напаѓачи влегоа во трговскито центар во кој доаѓаат богати Кенијци и странци.

Напаѓачите соопштуваат дека истиот е одмазда поради вклучување на кениската војска во борба против екстремистите во Сомалија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“