Дедото на Данка вели: Не убива нетрпеливоста, секоја секунда се надеваме дека ќе добиеме добри вести

Од:

И по една недела од исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) од Бањско Поле кај Бор, нема поголем развој на настаните. Полициските операции се во тек, а како што вели дедото на девојчето, Милан Илиќ, нетрпеливоста го убива.

Милан на почетокот на разговорот истакнува дека нема никакви информации, ниту нови, ниту стари.

– Разбирате, чекаме. Не убива нетрпеливоста, секоја секунда се надеваме дека ќе добиеме добри вести. Сè што слушам, слушам на телевизија. Милион работи и глупости, уште повеќе се разочарувам кога слушам кој е на гости и што зборува за моето семејство, а ништо од тоа не е точно. Ја знаат ли луѓето вистинската вистина – вели потресениот маж.

-Верувајте ми… не ми е добро без нив – вели Милан за „Нова.рс“ и истакнува дека го гледал видеото кое се појавило на интернет.

– Го видов видеото, но не знам што да кажам. Сакам да верувам дека е така и дека ќе ја најдат во најбрз можен рок, не смеам ништо да кажам бидејќи полицијата работи, им веруваме, чекам вистинските луѓе да ме контактираат, заклучи Илиќ.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка