Сите членови на семејството на мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ (2), според српските медиуми, денеска и наредните денови ќе дадат исказ во полиција.
Денеска изјави ќе дадат братот и таткото на мајката на Данка, вујкото и дедото на девојчето.
Потрагата по девојчето Данка трае веќе шест дена, нејзините родители од денот на нејзиното исчезнување секој ден даваат изјави во полиција за да се расветлат сите околности на нејзиното исчезнување.