Јелена Карлеуша се најде рамо до рамо со светските топ модели и Георгина Родригез, на модната писта во Париз. На 45 години, се проби и на модната писта на познат бренд. Таа како вистинска манекенка парадираше на ревијата на модниот бренд Vetements, а беше облечена во розови панталони и сива маичка. Нејзиниот долгогодишен пријател и менаџер Зоран Бирташевиќ сподели се на Инстаграм. Подоцна таа се сликаше со една од најпознатите манекенки, Вини Харлоу и сопругата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез.
WINDOWSEN #ParisFashionWeek pic.twitter.com/TYgRaUxWYQ
— ZORAN BIRTAŠEVIĆ (@zoranbirtasevic) March 1, 2024
Српската ѕвезда пред неколку месеци доби специјална покана од дизајнерот, кој во последните години стана незаменлив дел од гардеробата на стилските икони како Ријана, Канје Вест и Сем Смит, а беше одговорен и за костимите на поп-кралицата Мадона на нејзината последна турнеја.
Модниот вкус на Карлеуша одамна е познат и надвор од границите на Балканот, што го потврдува и оваа соработка. Минатата есен, креаторот ја угости Јелена во претставништвото на Vetements, каде што со месеци работеа на подготовките и монтирањата за оваа модна ревија. Она што привлече големо внимание беше секако прегратката на Јелана и Никола Формичети, поранешен стилист на Лејди Гага и актуелен моден директор на Дизел и уредник на јапонскиот „Вог“.
Додека се поздравуваа, Формичети извика „О Боже“ и ја прегрна српската ѕвезда.