АП: Џон Кирби ќе стане помошник на претседателот Бајден

Од:

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, ќе биде унапреден на нова позиција и ќе стане помошник на претседателот, изјави за АП анонимен американски функционер.

Кирби ќе води тим кој ќе биде одделен од прес-службата за национална безбедност и ќе ги координира информациите низ американските безбедносни агенции, додаде функционерот. Кирби стана функционер во Белата куќа во 2022 година, набргу откако Карин Жан-Пјер беше именувана за секретар за печат на Белата куќа, по разделбата со поранешната прес-секретарка Џен Псаки.

Пред Кирби, Советот за национална безбедност немаше координатор. Кирби е пензиониран адмирал на американската морнарица и е особено ценет од администрацијата на Џозеф Бајден затоа што „лесно одговара на прашања за надворешната политика“, наведува АП.

Тој беше и портпарол на Пентагон и Стејт департментот за време на администрацијата на Барак Обама

Би можело да ве интересира

Џон Кирби: Бајден се противи на одделни пакети помош за Украина и Израел

Кирби: Палестинците треба да имаат глас преку палестинската управа во Газа

Горан Наумовски

САД подготвуваат нов пакет санкции против Русија поради смртта на Навални

Кирби: Ако не ја поддржиме Украина, американските безбедносни и економски интереси ќе претрпат голема штета

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Мал број наши војници се во Украина

Горан Наумовски

Белата куќа го повика Џинпинг да му каже на Путин да стави крај на војната во Украина