Македонскиот уметник Киро Урдин учествува на Меѓународниот фестивал за независен филм и видeо во Њујорк (Тhe New York International Independent Film and Video Festival).
Според програмата, денеска во театарот Пикфорд, во рамки на документарната програма 2 ќе бидат прикажани неколку краткометражни филмови на Урдин, „Чекори“ и „Планетариум и Деби Вилсон“.
Меѓународниот фестивал за независен филм и видeо во Њујорк се одржува од 18 до 21 септември.