Арнолд Шварценегер би требало да ја глуми улогата на негативец во првиот од трите најавени продoлженија на филмскиот мега хит Аватар.
Тој е првиот избор на режисерот Камерон за улогата на лошиот генерал, во второто продолжение на Аватар кое би требало да се појави во кино салите во 2016 година.
Оскаровецот Дејвид Камерон планира сите три продолженија на Аватар да ги сними истовремено и потоа од 2016 година по еден годишно да дистрибуира во светските кино сали.
Инаку досега Шварценегер и Камерон соработувале во три филма: Терминатор 1 и 2 и филмот „Вистински лаги“.