Српскиот криминалец Дарко Гајслер Недељковиќ (43) е убиен во Сао Паоло, Бразил кога бил застрелан од непознат напаѓач пред куќата во која живеел со семејството.
Недељковиќ наводно бил член на Шкаљарскиот криминален клан, а бил убиен во петокот вечерта кога возел велосипед со сопругата и детето на брегот на Сао Паоло.
На видеото кое беше објавено, се гледа како напаѓачот трча и пука три куршуми кон него. Во тој момент Недељковиќ паднал на тротоар, а детето паднало од велосипедот.
— dsds_567 (@dsds_567) January 10, 2024
Недељковиќ користел лажен идентитет во Бразил, Дејан Ковач. Работел во столарска работилница, изјавиле соседите за бразилските медиуми.
Српските медиуми шпекулираа дека Дарко Гајслер не е жив, откако му се загубија сите траги по убиството на Андрија Мрдак во Белград во 2014 година, во кое тој учествуваше.
Како што пишуваат бразлиските медиуми, брзата помош успеала да му помогне, но тој доживеал кардиореспираторен застој и починал.
Гајслер бил поврзан со неколку криминални групи во Србија и Босна и Херцеговина, а интересно е што тогаш никој не го пријавил неговото исчезнување.
Црногорската полиција претходно изјави дека Гајсер од Панчево наводно бил директно вмешан во ликвидацијата на Видак Воротовиќ од Никшиќ, а според информациите на српската полиција, тој бил и најмен убиец на Земунскиот клан.