Прелиминарнот сослушување за одредувањето на одговорноста за фаталната несреќа што се случи со бродот Коста Конкордија е одложено.
Судот најави дека тоа ќе продолжи на 15. октомври, со цел да се испитаат експертите и нивните мислења за аудио снимка од црната кутија.
Во оваа расправа ќе биде одлучено и дали капетанот Франческо Скетино и другите одговорни лица ќе бидат кривично гонети.
Адвокатот на капетанот кој прерано го напуштил бродот за време на несреќата вели дека аудио снимката ја потврдува неговата верзија на случувањата.
Скетино тврди дека телефонскиот повик кој го добил пред несреќата му го одвлекол вниманието и затоа не реагирал на време. Тужителите тврдат дека тој непрофесионално се однесувал и премногу го доближил бородот до брегот, поради што тој потона, а загинаа 32 лица.