Полицијата во Хрватска ги објави резултатите од труењето на момче во Риека. Полицијата испрати соопштение за резултатите од Центарот за форензички испитувања и вештачења „Иван Вучетиќ“, кој изврши вештачење на спорни и неспорни примероци кои и беа доставени по налог на Општинското државно обвинителство во Риека.
Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужен, додека со анализата е утврдено дека се работи за високо алкална воден раствор (pH=13,6), соопшти полицијата.
– Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент или одмастувач – велат од полицијата.