Американски експерт: Украина страда поради вина на Америка

Од:

Украина сега страда поради САД, кои се обидуваат да го прошират НАТО и нејзината сфера на влијание, изјави американскиот професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс.

Како што наведе, коренот на денешниот конфликт во Украина е моментот кога САД, по распадот на СССР, решија да ја поттикнат идејата за проширување на НАТО и систематски ја спроведуваа.

Во 2008 година, поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја премина руската „црвена линија“, ветувајќи дека на еден или друг начин Грузија и Украина ќе влезат во НАТО, додека европските лидери тогаш знаеја дека тоа е многу опасен чекор.

„Се покажа како катастрофално за двете земји. Како што велеше Хенри Кисинџер: „Можеби е опасно да се биде непријател на Америка, но фатално е да се биде нејзин пријател“. Тоа е украинскиот случај, државата страда по вина на САД, поради неостварената цел-членството во НАТО“, рече Сакс во видео-обраќање.

Тој додаде дека Украина сега доживува колапс на фронтот поради нешто што никогаш нема да го постигне и што Русија нема да го дозволи.

Би можело да ве интересира

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко