Военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, соопштија дека јужните израелски градови Сдерот и Ашдод се под силно гранатирање.
Се вели дека тие истрелуваат ракети и врз градот Ашкелон.
Дописниците на Би-Би-Си од Ашкелон и Сдерот потврдија дека вечерва се огласиле сирени за воздушен напад.
Ракети го погодија Ашкелон претходно денеска без да бидат пресретнати од израелскиот ракетен одбранбен систем „Железна купола“.