Бројот на загинатите во Појасот Газа надмина 7.000

Од:

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, објави список со имиња на 7.028 лица за кои вели дека се убиени од почетокот на израелското бомбардирање на Појасот Газа на 7 октомври, вклучувајќи 2.665 деца.

Документот од 212 страници ги содржи имињата и возраста на секоја жртва за која Хамас тврди дека била убиена во израелските напади и вклучува 6.747 регистрирани имиња и споменува 281 неидентификувани тела, главно деца, објави Би-Би-Си.

Документот вклучува дневен преглед кој покажува постојана ескалација на бројот на загинати, од пријавени 256 на 7 октомври на 481 на 25 октомври.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас