Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, тврди дека од 7 октомври во израелските воздушни напади во Појасот Газа загинале 6.546 Палестинци. Се вели дека бројката вклучува 2.704 деца.
Во последните 24 часа, тврди министерството на Хамас, загинале 756 лица, меѓу кои 344 деца. Тврдат и дека се ранети вкупно 17.439 лица.
Не е можно медиумските организации самостојно да ги проверат бројките на жртвите пријавени од Газа.
Израел го започна последниот бран воздушни бомбардирања откако Хамас го изврши својот напад во Израел на 7 октомври, во кој загинаа најмалку 1.400 Израелци.