Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци предупреди дека до вечерва ќе биде принудена да ги прекине своите операции во Газа доколку не се доставува гориво во областа.
Претходно, началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека ќе се направи се за да се обезбеди пристап до гориво во Газа секаде каде што е потребно за да се олесни хуманитарната криза, пренесе Си-Ен-Ен.
„Ќе се погрижиме да има гориво на местата каде што е неопходно да се третираат цивили“, изјави генерал-полковник Херзи Халеви.
Од друга страна, тој посочи дека Израел „нема да дозволи горивото да оди за Хамас за да може да продолжи да се бори против граѓаните на Израел“.
Халеви не објасни како ИДФ ќе може да обезбеди пристап до гориво за оние на кои им е најпотребна.