Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, меѓу кои 2.360 деца, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство во Газа.
Министерството наведува дека само во претходните 24 часа биле убиени 704 Палестинци, пренесе Ројтерс.
Во соопштението се наведува и дека од почетокот на конфликтот се повредени 16.297 лица.