Борците на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа

Од:

Борците на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа, соопшти денеска военото крило на Хамас – бригадата Ал-Касам.

Се чини дека тоа е еден од првите судири меѓу двете страни на копно во Појасот Газа од избувнувањето на војната на 7 октомври, објави Си-Ен-Ен.

Военото крило на Хамас соопшти дека нападнале од заседа два израелски воени булдожери и еден тенк, принудувајќи ја израелската армија да се повлече во Израел без своите возила.

„Војниците на ционистичките сили кои беа нападнати во заседа кај Кан Јунис ги оставија своите возила и избегаа источно од оградата, трчајќи“, тврдат бригадите Ал Касам на социјалните мрежи.

Израелските одбранбени сили (ИД) само изјавија дека „во нив се пукало кога минувале на запад, во близина на оградата со Појасот Газа, во областа Кисуфим“.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас