Тенк на израелските одбранбени сили (ИДФ) случајно погоди египетска позиција во близина на границата, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.
– Позицијата се наоѓа во областа Керем Шалом – изјави Хагари.
Во Керем Шалом има граничен премин, но во описот на ИД не е јасно каде точно погодил тенковскиот проектил.
„Инцидентот се истражува и се разгледуваат деталите. ИДФ жали за инцидентот“, рече тој.