Израелската армија соопшти дека 212 лица се уште се држат како заложници на Хамас во Газа.
Две Американки беа ослободени во петокот, потег што Хамас го опиша како хуманитарен гест. Милитантната група тврдеше дека има намера да ослободи уште двајца заложници од „хуманитарни причини“, но Израел „одби да ги прими“.
Абу Убаида, портпарол на бригадите „Из ел-Дин ал-Касам“, во соопштение рече дека во петокот го информирале Катар за своите намери. Тој не објасни зошто Израелците наводно ги одвратиле заробениците, а Израел набрзо овие тврдења ги нарече „пропаганда“.