По пад, Софија Лорен пренесена во болница

Од:

Италијанската актерка Софија Лорен (89) е тешко повредена по падот во нејзиниот дом во Женева во неделата наутро.

Како што пренесува Corriere della Sera, актерката била пренесена во болница каде и била констатирана фрактура на колкот.

Операцијата поминала добро, а следи нејзината рехабилитација. На актерката и помагаат синовите Едоардо и Карло.

Во вторник, Лорен требаше официјално да го отвори четвртиот ресторан во Италија што го носи нејзиното име во Бари, по оние во Милано, Фиренца и аеродромот Фиумичино.

Би можело да ве интересира

Откриено во каква состојба е Софија Лорен, две недели по нејзиниот пад и операцијата