На најновата АТП листа македонските тенисери повторно бележат напредок во однос на претходното рангирање, а за Димитар Грабул и за Томислав Јотовски ова се најдобри пласмани.
Грабул со 57 бодови е на 530.место (скок од 6 места), додека Јотовски е на 814.место (скок од 11.места).
Шендрит Деари е рангиран како 1.286-ти (скок 7 места), а Бесир Дургути е на 2.080 место (скок 11 места).
Во конкуренција на двојки Грабул е 922.место, Јотовски 972.место, а Деари 1.172 место.
Лина Ѓорческа во моментов има подобар пласман во игра на двојки каде со 110 поени се наоѓа на 440.место, додека во поединечна конкуренција исто така има скок и сега е на 671.место (претходно беше 716.место).