Лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири им порача на исламистичките екстремисти во Сирија да не се здржуваат со бунтовничките борци кои имаат поддршка од арапските држави во Персискиот залив и Западот.
Во аудио порака Завахири вели дека САД ќе се обидат да ги убедат борците од опозицијата во Сирија да се поврзат со „секуларни групи кои се во сојуз со Западот“.
Тој повик укажува на се поголема поделба меѓу групите од опозициската Слободна сириска армија која има поддршка од Западот и арапски држави, и герилски групи кои поддржуваат ставови на Ал Каеда.
Слободната сириска армија од неодамна почна да се дистанцира од исламистички групи за да намали стравување на САД дека оружјето што го доставува за антирежимскиот бунт во Сирија ќе падне во раце на Ал Каеда.