ВИДЕО: Сергеј Трифуновиќ добри забрана за влез во Шенген зоната

Од:

По апсењето на Сергеј Трифуновиќ во Хрватска, актерот ден подоцна се огласи преку својот Инстаграм профил и упати низа навреди кон сплитските полицајци, поради што хрватската полиција сега го објави целиот случај.

@dnevno.hr Muke na moru #dnevnohr #sergejtrifunovic #split #hrvatska #sud #hrvatska #glumac ♬ original sound – dnevnohr

Имено, на Трифуновиќ му е изречена една година забрана за влез во Хрватска и Шенген, а ПУ на Сплит-Далмација во соопштение напиша:

„Поттикнати од јавна објава на социјална мрежа која изобилува со неточни информации, но и со навредливи и погрдни зборови за полициските службеници, должни сме да ја информираме јавноста за точни информации и факти поврзани со нашите постапки.

Маж во изминатите два дена со своето однесување направи пет прекршоци на подрачјето на Сплит. По повикот на граѓаните и побараната интервенција на плажата Каштелет поради сторување прекршок од член 30 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, лицето ги навредувале полициските службеници на начин кој не е погоден за јавност.

Многу брзо по завршувањето на оваа постапка, во саботата на подрачјето на Сплит, мажот повторно ги сторил прекршоците од чл. 30. Наредниот ден, 09.09.2023 година, на социјалната мрежа го нарушил јавниот ред и мир со објавување и истакнување текст со недолична содржина“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Трифуновиќ ќе биде депортирана од Србија

Горан Наумовски

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ е осудена според Законот за странци

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство

Горан Наумовски

Трифуновиќ осуден условно на 60 дена затвор, вратен му е пасошот на српскиот актер

Хрватската полиција бара од судот 30 дена затвор за Сергеј Трифуновиќ, одземен му е пасошот

Горан Наумовски

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски