Ѓоковиќ – најдобар спортист во Европа

Од:

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, втора година по ред е избран за најдобар спортист во Европа, а трофејот на АИПС (Асоцијација на спортските новинари на Европа) му го доделија претседателот и генералниот секретар на организацијата Јанис Дарас и Чарлс Камензули.

„Ѓоковиќ не е само успешен спортист кој со резултатите го заслужува ова признание. Тој е во фер-плеј однос со ривалите, со однесувањето на теренот и со хуманитарната работа укажува на вредностоте кои треба да се ценат и да се спроведуваат во животот.

– Тој стана идол на младите во светот, а од друга страна ја промовираше својата земја.  Србија, но и Европа можат да бидат горди што имаат таков харизматичен спортист, кој се истакна со професионалниот однос кон медиумите. Судејќи по гласањето, тој е омилен меѓу спортските новинари во Европа“, рече Дарас.

АИПС го избира најдобриот спортист на Европа од 1983. година, а прв лауреат беше германскиот пливач Михаел Грос. Меѓу останатите, трофеи освојуваа Мишел Платини, Сергеј Бубка (три пати), Борис Бекер (два пати), Михаел Шумахер (три пати), Рафаел Надал, додека апсолутен рекордер е Роџер Федерер со пет награди.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен