Македонија вмешана во скандалот со местење гласови на Евровизија?

Од:

Сите знаат и говорат дека Изборот на песна за Евровизија е политика и местење. Но никој не сака неговата земја да биде посочена како учесник во вакви скандали.

А токму ова го прави „Дејли Мејл“, која во својот напис ја нотира Македонија како една од земјите вмешани во евровизискиот скандал со местење или купување гласови.

Нашата земја се обвинува за обид на наметнување шема за менување гласови со други земји, за нејзината евровизиска песна да има повисок пласман.

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија, работат на можната афера и истражуваат дали се точни обвинувањата дека неколку земји, меѓу кои и Македонија, купувале гласови од други земји во финалето на годинешната Евровизија што се одржа во Малме.

evrovisija-daily

Претставници на Македонија во Малме, по скандалот со изборот на песната која ќе ја пеат, беа Есма и Влатко Лозановски. Тие не успеаја да влезат во финалето.

Азербејџан е обвинет дека не само што се обидувал да ги поткупи членовите на жирито, туку и дека им платил на литванските студенти за гласаат повеќекратно.

Учесници и организатори на изборот можат да го сватат гласањето за соседот, но недозволиво и шокантно е велат земањето или нудењето пари.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија