Тропската бура „Ингрид“ се трансформира во ураган и од Мексиканскиот залив се насочи кон источниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами.
Се очекува ураганот, кој засега е од прв степен, утре да го достигне копното и да предизвика поројни дождови. Брзината на ветровите достигнува до 120 километри на час.
Најмалку четири лица загинаа во Мексико, додека „Ингрид“ беше се уште тропска бура. Од поплавите беа оштетени многу згради, а во државата Веракруз беа евакуирани 5.000 лица.