Србин се обиде да измами цариници: Тие му одземаа автомобилот вреден 900.000 евра, а мора да плати и казна

Од:

Србин сакал да го внесе своето „Ламборџини“, вредно околу 900.000 евра, во својата земја преку Австрија, без да го пријави на царина. Во јули 2023 година, во близина на швајцарската граница во Австрија, српски државјанин бил запрен од полицијата на автопат за проверка. Србинот рекол дека сакал да пренесе два луксузни автомобили од Швајцарија на своите пријатели во Србија. Кон прегледот на превезената стока додадена е и царинска инспекција.

Проверката покажа дека возачот не ги пријавил возилата „БМВ“ и „Ламборџини“ на царина, соопшти австриското Министерство за финансии. Поради нелегален превоз на возила тие се одземени, пренесува швајцарски Блик.

Откако било утврдено дека за БМВ-то нема даночна обврска, автомобилот му бил вратен на Србинот. Но, тоа не важи за скапиот Lamborghini Aventador Lp 780 вреден околу 900.000 евра.

Србинот сега треба да плати вкупно 112.000 евра данок. Скапото возило е на царина и ќе му биде вратено штом ќе ја плати потребната сума. Во тек се постапки и кај даночните власти.

При увоз на моторни возила од трета земја, мора да се плати данок на промет на увоз, а во некои случаи и царина. Максималната казна за Србинот може да биде и до 228.000 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ламборџини од 200.000 фунти удри во поштенско комбе во Лондон

Катерина Ѓуровски

„Ламборџини“ ги продаде сите автомобили до 2024 година: „Купувачите имаат доверба во брендот“

А1он

Ламборџини вредно 300 илјади долари по само 20 минути од купувањето беше уништено на автопат

А1он