Париз го оцени договорот за сириското хемиско оружје како „важен напредок“

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус го поздрави како „важен напредок“ постигнувањето договоро меѓу САД и Русија на преговорите во Женева за сириското хемиско оружје.

Фабиус истакна дека „Франција ќе го земе предвид извештајот на инспекторите на ОН за жртвите во Дамаск, што ќе биде објавен во понеделник, за да усвои свој став“.

Според генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун извештајот „ќе го потврди на неоспорен начин“ користењето хемиско оружје во близина на Дамаск ноќта меѓу 21 и 22 август, но без да посочи кој е одговорен за тоа.

Русија и САД постигнаа денеска принципиелен договор за планот за уништување на сириското хемиско оружје, кој му дава една седмица на Дамаск да претстави список на оружјето со цел тоа да биде уништено до средината на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт