Соопштението на Сирија дека се приклучила на договорот за забрана на хемиско вооружување не е доволно, смета официјален Париз.
Владата на Франција, побара донесување на Резолуција во Советот за безбедност на ОН.
-Соопштението на сириската влада секако дека е корисно но не е доволно, рече претставникот на Министерството за надворешни работи на Франција, Филип Лалијо, пренесе „Франс прес“.
-Сириската влада мора да се обврзе и да го исполнува ветувањата, кои ќе бидат врзани со временски рокови, контролирани со можност да бидат верифицирани, рече тој.
Со цел да го спречи воздушниот напад врз Сирија, Русија и предложи на владата на претседателот Башар ал Асад, да го стави хемиското оружје под меѓународна контрола.
По усвојување на предлогот, Сирија поднесе молба до ОН, за приклучување кон меѓународниот договор за забрана за користење на овој вид оружје.
Конвенцијата забранува развиј, производство, складирање и употреба на хемиско оружје и ги обврзува членските потписнички да го пријават и уништат севкупното хемиско оружје кое што го поседуваат.
Додека Париз смета дека соопштението не е доволно, официјални лица од сириската националн коалиција, известија дека независниот исламист Ахмед Тумех ќе биде избран за премиер на територијата, која што е под контрола на бунтовниците, во кои хаосот се заканува да ја загрози војната против режимот на Асад.
-Утре ќе го именуваме премиерот. Тоа ќе биде првата точка на дневниот ред- изјави вчера, по првиот состанок на коалицијата која што ја сочинуваат 115 члена, портпаролот на Коалицијата, Калед Салех, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска