Стигна првиот трејлер за Grudge Match, новата спортска комедија со познатите актери Силвестер Сталоне и Роберт Де Ниро.
Приказната следи двајца остарени и пензионирани боксери, кои во нивната младост биле големи ривали.
Во останатите улоги се појавуваат Ким Бесинџер, Алан Аркин, Кевин Харт и Никол Ендрус. Режисер е Питер Сигал, додека сценариото го напишаа Тим Кехелер, Даг Елин и Родни Ротман.
Grudge Match ќе се појави во кино салите на 25-ти декември.