Силно невреме денеска попладне зафати делови од Словенија, а невремето сега забрзано се движи кон северот на Хрватска.
Во загребската област се очекува силно невреме. Во некои делови на Словенија падна и град.
Невремето се очекува наскоро да ја зафати Хрватска, па тамошниот хидрометеоролошки институт издаде портокалово предупредување за регионот на Загреб и Карловац.
Околу 19 часот почна да дува силен ветер во Загреб. Невремето потоа треба да „отпатува“ кон Унгарија.