Вклучен алармот за Србија – невреме и портокалова метеоролошка тревога

Од:

Според метеоролозите, нов бран на лошо време доаѓа во Србија. Според прогнозата на РХМЗ, во недела ќе има врнежи со грмежи, како и невреме со град. Се очекува невремето прво да ја зафати Војводина, а потоа да се прошири и во останатите делови од земјата.

„Врнежи  и грмежите  се очекуваат на северот на Војводина во недела претпладне, а од попладневните часови и во другите региони локално ќе бидат пропратени со град и засилен или бурен ветер. Поголема количина на врнежи (20 до 40 мм) се прогнозира во текот на вечерните часови, пред сè во западна Србија, а потоа и во регионот Шумадија, областа околу Западна и Велика Морава, со тенденција на поместување на зоната на врнежи во првиот дел од ноќта понатаму кон исток и југоисток“, стои во предупредувањето на РЗМЗ.

Во недела, според најновиот метеоролошки аларм објавен на веб-страницата РХМЗ, речиси цела Србија е во портокалова метеоролошка тревога поради дожд, грмежи и високи температури. Само Банат и Бачка ќе бидат во жолто.

Метеоролозите го оценуваат летото 2023 година како потопло од просечното, но има многу работи кои го разликуваат од претходните, а она што предизвика големо внимание беа овогодинешните суперклеточни бури кои опустошија многу места во Србија и предизвикаа големи штети , но земаа и човечки жртви.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти