Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот и во шумските пожари на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.
Wildfires are currently devastating several parts of the Mediterranean basin's coasts and islands. Algeria, Tunisia, Italy, Greece are fighting fires
This is Sicilypic.twitter.com/qO3rb79nzM
— Massimo (@Rainmaker1973) July 25, 2023
Силен ветер кој дуваше со брзина од 110 км/ч, силен дожд и град вчера рано утрото се спуштија во Милано, економскиот центар на земјата, поплавувајќи ги улиците и откорнаа дрвја, кои во голем број паднаа на коловозот.
Локалното јавно транспортно претпријатие пријавило сериозни оштетувања на електричната мрежа, а новинар на АФП пријавил привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.
Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени Целзиусови, кој беше измерен во понеделникот во Катанија, Сицилија, соопшти локалната цивилна заштита.
Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи се пронајдени во куќа која се запалила, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо.